Првата пејачка на „Магазин“, Љиљана Николовска има потекло од Македонија, а денес живее во САД

Љиљана Николовска (58) е првата и најпопуларната пејачка на групата „Магазин“. Родена е во Сплит, а нејзините родители Вера и Боро се по потекло од Македонија. Таа беше пејачка на „Магазин“ во периодот од 1983 до 1990 година. Заедно снимија вкупно седум албуми, а песните што ги изведе таа се појавуваат на бројни компилациски албуми.

Љиљана ја напуштила Хрватска на почетокот на војната во 1990-тите и денес живее во калифорнискиот град Сан Педро во САД.

Во 1996 година го сними својот соло албум „Лет“.

„Дури и кога заминав, првите три години куферите ми беа спакувани, спремни за да се вратам дома, меѓутоа, поради сплет на околности запознав бенд што ми се допадна, го запознав мојот сопруг, и во САД станав мајка“, изјавила Љиљана.

Кога ќе се присети на своето време со „Магазин“, гледа на тоа со позитивни чувства: „Секогаш ми недостига публиката, како и моите драги луѓе од работата“. Таа веќе некое време напорно работи и снима нови песни. Води мирен живот, има голема градина и животни.

Таа е исклучително активна преку својот Фејсбук профил, често комуницира со обожавателите, објавува свои фотографии и активно разговара и споделува информации со сите.

Scroll to Top