Дизајни што ги направила вештачка интелигенција човекот не може ни да ги замисли

Фејсбук-страната Параметричка Архитектура често објавува фантазии од светот на архитектурата. Тоа обично се дела (или само проекти) од современи автори кои наликуваат на стилот на Заха Хадид.

Но, овојпат тие постирале нешто друго. Дизајни кои ги направила вештачка интелигенција (АИ), целосно или делумно целосно по инструкции на човек. Изгледаат ли овие рендери подобро од цртежите на некој човек што би ви ја проектирал викендичката?

Проектот е на Тим Фу, а правен со три алатки, Midjourney, Dalle-2 и PSD Post-processing. Тоа се програми кои можат да генерираат слики, на пример од архитектура, само ако вербално им опишете што точно би сакале да постигнете. Сликата понатаму можете да ја доуредувате давајќи повеќе инструкции од типот „сакам да биде во арт нуво, но и да личи на тој и тој автор.

Scroll to Top