Адвокатите на Ар Кели побараа ново судење за пејачот оти жената што го обвини за злоставување лажно сведочела против него

Адвокатите на американскиот пејач Ар Кели поднесоа предлог до Судот за повторно судење и обвинија дека ар-ен-би ѕвездата лани била жртва на лажно сведочење на судењето во Чикаго. Тие бараат од американскиот окружен судија Хери Лајненвебер да ја отфрли пресудата по сите точки поврзани со „Џејн“, т.е. неговата поранешна кумашинка која сведочеше дека пејачот повеќепати сексуално ја злоставувал и снимал додека била тинејџерка.

Адвокатката Џенифер Бонжан тврди дека жената лажно сведочела под заклетва. Во претставката до судот таа пишува и дека обвинителите ја довеле поротата во заблуда со тоа што не го поправиле сведочењето на „Џејн“.

Познавачите велат дека судијата Лејненвебер ќе го отфрли и овој обид против пресудата, исто како што ги отфрлил и другите предлози за судењето што досега ги поднел правниот тим на Кели. Но, овие аргументи најверојатно ќе бидат искористени подоцна во жалба до Окружниот апелационен суд на САД.

Ар Кели (56) беше осуден лани во септември по обвиненија за детска порнографија и за сексуална злоупотреба на „Џејн“ и други девојки. Лајненвебер ја донесе пресудата за 23 февруари, по што пејачот се соочи со казна од 10 до 90 години затвор.

Р. Кели беше осуден и во Њујорк, на 30 години откако поротата го прогласи виновен по обвиненијата дека го искористил тоа што е познат, заради криминални потфати коишто имале за цел задоволување на неговите напаснички сексуални намери, пренесе ДПА.

Минатата недела, обвинителот на Округот Кук, Ким Фокс објави дека се отфрлени четири одделни обвиненија против Кели, делумно заради зачувување ресурси, со оглед на неговите две федерални пресуди.

Scroll to Top