Арнолд Шварценегер удри во жена на велосипед во Лос Анџелес

Арнолд Шварценегер удри жена на велосипед во Лос Анџелес, пренесоа американските медиуми. Инцидентот се случи на 5 февруари во утринските часови. Како што пренесе TMZ, жената преминала на лентата во која возел глумецот, по што дошло до удар. Брзо потоа била однесена во болница.

Портпаролот на полицијата рече дека нема да дава официјални изјави, но рече дека Шварценегер останал на местото и соработувал. Извори тврдат дека нема да биде казнет затоа што не можел да избегне судар.

Идентитетот на жената која е повредена не е откриен, но е познато дека завршила со полесни повреди и со неа сè е во ред.

За потсетување, глумецот и минатата година беше учесник во несреќа. Во јануари со неговото возило удри во друг автомобил. Сврте на семафор, иако сè уште не било уклучено зелено. Жената која беше потешко повредена по несреќата, Хабиб рече дека и бил еден од омилените глумци.

„Тој ми е еден од најдрагите. Бог да го благослови“, рече Хабиб и додаде дека не сакала на тој начин да се запознаат, но и дека ќе продолжи да им раскажува на сите како се запознале и што се случило.  
Scroll to Top