Бред Пит ќе се трка со Луис Хамилтон на Британското ГП за филм во Формула 1

Бред Пит, наводно, ќе се трка со Луис Хамилтон на следната Британска Гран При. Глумецот добил специјална дозвола да го заобиколи првиот параден круг во Силверстоун, како дел од снимањето на новиот филм, пишува британски „Сан“.

Возачот на Формула 1, Луис Хамилтон ќе биде извршен продуцент на блокбастерот, направен од неговата нова продукциска куќа, Dawn Apollo Films.

Филмот ќе излезе следната година, а во него Бред Пит да игра ветеран Формула 1 возач кој излегува од пензија за да биде ментор на иден возач. Минатиот јуни Deadline откри дека Apple ги добил правата за филмот со договор вреден 130 милиони долари.

Филмот, кој се уште нема наслов, е во режија на Џозеф Косински, кој неодамна го режираше и познатото продолжение „Топ Ган Маверик“, пишува „Дејли Мејл“.

Scroll to Top