Дејвид Хаселхоф мисли дека Берлинскиот ѕид паднал поради него

Глумецот Дејвид Хаселхоф, кој неодамна го прослави 70 роденден, сè уште верува дека Берлинскиот ѕид во Германија го срушиле поради него.

Во летото 1989 година, осум недели беше прв на листата на германските топ листи со песната Looking for Freedom. Таа година хитот стана и неслужбена химна на обединета Германија, а познатиот глумец и ден денес тврди дека тој е заслужен за падот на ѕидот кој повеќе од 40 години ја делеше Германија.

„Неколку дена откако случајно се сретнав со обожаватели во источна Германија, мистериозно и со Божја помош, Ѕидот падна“, рече Хаселхоф кој на таа новогодишна ноќ бил поканет да го отпее својот голем хит на Берлинскиот ѕид.

Кариерата Хаселхоф ја почнал како глумец, а се прослави во серијата „Бејвоч“, која успеал да ја спаси од пропаѓање. Тој вложил пари и успеал да ги наговори инвеститорите да ги откупат правата од NBC. Серијата собори светски реркорд, а во една недела ја гледале 1,1 милијарда луѓе во 142 земји. Холф влезе во Гинесовата книга на рекорди како најгледан човек на телевизијата.

Од врвот успеа да го тргне Хјуџ Лари со Доктор Хаус дури во 2011 година. Во филмовите како The Keith Lemon Movi’te Sharknado 3: ‘Oh Hell No“, се глумеше самиот себе си. Еден од неговите понови играни филмови е „Killing Hasselhoff“ во кој глуми со комичарот Кен Џеонг.

Слоганот на филмот беше Don’t Hassle the Holf, реплика што Дејвид многу ја сака. До тој степен што има маица со неговото лице и сличен слоган.

Покрај актерството, Хаселхоф и пее. Неговите бизарни музички спотови и обработки на популарни песни се изненадувачки популарни. Во 2019 година го издаде својот 14-ти албум „Отвори ги очите“, кој главно се состои од кавер песни од 80-тите во соработка со неколку бендови и музичари.

Во приватниот живот, Хаселхоф зад себе има два пропаднати брака. Во 1984 година се оженил со Кетрин Хикланд, со која беше до 1989 година. Истата година се ожени со Памела Бах, со која има две ќерки. Откако се разведе од втората сопруга, се ожени со 27 години помладата од него велшката манекенка Хејли Робертс, со која сè уште е во брак.

„Сакам да сум во брак со Хејли. Мислам дека најдоброто нешто што можеме да направиме е повторно да се венчаме. Сакаме да ги обновуваме нашите завети секоја година на истото место“, изјави Хаселхоф за магазинот ОК

Неговата сопруга Хејли се согласила и открила дека секој ден гледа видео од нивната церемонија во Италија.

Освен по улогите и заведувањето жени, Дејвид е познат и по својата зависност од алкохол. Дури петпати завршил во болница поради прекумерно конзумирање алкохол и многумина тогаш го советуваа дека тоа ќе го чини живот.
Пред 12 години на роденденот на Сајмон Кауел (62) тој уринирал на душеците во хотелската соба и бил груб со персоналот.

Беше крајно насилен, им викаше на сите. Бевме во шок. Никогаш не би рекле дека е голема актерска ѕвезда, туку обичен пијаница“, рече еден од гостите во хотелот.

Дури и лекарите му рекле дека мора да престане да пие, но се чини дека бил глув на тие молби. Актерот го промени и изгледот, па често е мета на потсмев на фановите на серијата „Бејвоч“ бидејќи според нив отишол предалеку со пластичните операции.

Scroll to Top