Џенифер Лопез ја продава вилата во Лос Анџелес, бара семеен дом во кој ќе живее со Бен Афлек

Џенифер Лопез ја продава својата вила во Бел Ер, Лос Анџелес и бара семеен дом во кој ќе живее со сопругот Бен Афлек и нивните деца.

Уредениот дом на пејачката се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот „Пипл“. Домот има 9 спални соби, теретана, домашно кино со 30 седишта, 13 тоалети, базен, гостинска куќа и амфитеатар со 100-тина седишта.

Џенифер и Бен сакале да ја реновираат вилата, но се предомислиле и одлучиле да ја стават на продажба. Имотот се простира на речиси 8 хектари, а површината на куќата изнесува повеќе од 1000 квадратни метри.

Домот, Џеј Ло го купила во 2016 година за 28 милиони долари. Вилата е дизајнирана од страна на архитектот Семјуел Маркс, а во меѓувреме била преуредена.

 

Scroll to Top