(Видео) Бијонсе освои 4 „Греми“, а Петрас е првата трансродова пејачка што ја освои оваа награда

Поп ѕвездата Бијонсе го собори рекордот на Греми за најмногу освоени награди во нејзината кариера, а загуби во категоријата престижен албум на годината од британскиот пејач Хари Стајлс.

Бијонсе има освоено четири Греми, вклучувајќи го и најдобриот денс/електро албум, со што во нејзината кариера вкупно има освоено 32. Досега, тој рекорд, со 31 освоен трофеј, го држеше починатиот диригент на класична музика Џорџ Солти.

И покрај нејзиниот успех низ годините, 41-годишната пејачка никогаш не ја освоила наградата за најдобар албум. Хари Стајлс ја доби таа престижна награда за Harry’s House.

„Бев толку инспириранa од секој уметник во оваа категорија“, рече изненадениот Стајлс.

Албумот на пејачката Лизо About Damn Time е прогласен за албум на годината, а песна на годината е Just Like That од Бони Раит.

Американската џез-пејачка Самара Џој е прогласена за најдобар нов артист.

Раперот Бед Бани ја однесе наградата за најдобар урбан албум за Un Verano Sin Ti. За најдобар рап албум прогласен е Mr. Morale & the Big Steppers од Кендрик Ламар.

Адел на синоќешните Грими ја оставри нејзината голема желба и го запозна својот херој Двејн Џонсон на доделувањето на Греми наградите. 34-годишната Адел неодамна се пожали поради фактот што никогаш не го запознала Двејн (50). Синоќешниот водител на Греми, Тревор Ноа ја договори нивната прва средба во живо за време на доделувањето на наградите.

Не беше само Бијонсе која вчеравечер влезе во историјата на Греми, беше направен и голем чекор за транс уметниците, кога Ким Петрас освои Греми за најдобро поп дуо/група за нејзиниот сингл Unholy со Сем Смит.

Петрас синоќа стана првата трансродова пејачка која освоила Греми.

„Оваа песна беше толку неверојатно, неверојатно патување за мене“, рече таа откако ја прими наградата. Петрас истакна дека Смит ја поддржувал подолго време, и дека тој сакал Петрас да биде единствената што ќе ја прими наградата за овој историски момент.

„Само сакам да им се заблагодарам на сите неверојатни трансродови легенди што настапија и ми ја отворија оваа врата да бидам овде вечерва“, рече таа.

Петрас и се заблагодари на Мадона за поддршката на ЛГБТ луѓето.

Scroll to Top