(Видео) Џенифер Лопез низ заби му просаска на Бен Афлек на „Греми“, па сфати дека ја снимаат

Џенифер Лопез му се развика на Бен Афлек додека траеше преносот на Греми наградите, па сфати дека камерите ја снимаат, пишува „Дејли меил“. На видеото се гледа како Афлек ѝ шепка нешто на сопругата, а таа делува како да му просаска низ заби да престане.

Читач од усни тврди дека Џенифер му рекла: „Престани. Потруди се да делуваш посимпатично и мотивирано“.

„На глумецот му беше досадно додека траеше преносот, како едвај да чекаше да си оди дома“, додава „Дејли меил“.

Фотографиите од Афлек ги објавија светските медиуми, а се споделуваат и на интернет. Фановите коментираат дека глумецот и пејачката само добро глумат и дека не е сè толку добро во нивниот брак како што сакаат да прикажат во јавноста.

Scroll to Top