Свиња усмрти месар, кој се обидел да ја заколе

Месар од Хонг Конг починал откако се обидувал да заколе свиња. Тој пукал во свињата со електричен пиштол и свињата се онесвестила, но за кратко таа ги отворила очите, и го нападнала месарот, по што тој се здобил со фатални повреди.

Свињата го соборила на под во месарницата Шеунг Пуи на северот во Хонг Конг, а потоа тој правејќи обид да ја усмрти свињата со нож се повредил самиот.

61-годишниот месар се здобил со рана длабока 15 сантиметри. Колегата кој го пронашол месарот во несвест и со нож во рака рекол дека 61-годишниот маж е повреден во пределот на ногата.

Од здобиените повреди тој починал во болница.

Scroll to Top