(Видео) Фудбалерот Хулк даде гол и ослабе шест килогами

Бразилскиот фудбалер Хулк по еден натпревар ослабе шест килограми. Играчот на Атлетико Минеиро, пред мечот на гости против Томбенсе, застанал на вага и таа покажувала 97,6 килограми. По натпреварот повторно застанал и покажала  91,9 килограми. Хул рече дека се изненадил.

Лекарите велат дека многу се потел за време на тешките тренинзи. Губењето тежина го споредија со возачите на Формула 1, кои исто така по една трка можат да изгубат од четири до шест килограми.

Иако е во поодминати години фудбалерот покажа дека е во форма. Атлетико Минеиро го победи Томбенсе со 2:1, а на овој натпреварот Хулк даде еден гол и имаше една асистенција. На претходниот даде два.

За потсетување, Хулк досега има играно за Порто, Зенит и Шангај, а договорот со Атлетико Минеиро му завршува до 2024 година, со опција да го продолжи за уште една.

Scroll to Top