(Видео) Полицаец брка гол маж на улиците на Буенос Аирес

Видео од полицаец кој брка гол маж низ улиците на Буенос Аирес стана хит. Мажот е под влијание на наркотици и направи колапс во сообраќајот низ улиците во Аргентина, пренесе „Дејли Мејл“.

Видеото го снима пешак во населбата Нуњез. Според интернет порталот Contekto Tucuman, инцидентот е од среда утрото, а голиот маж се вика Адријан (28). Кога го видоа гол, комшиите повикаа Итна помош.

Полицаецот го уапси и го однесоа во болницата Пировано во одделението за ментално здравје на проценка. Рече дека е дрогиран и дека не дава отпор. Објасни дека дрогата ја добил претходно на забава. Твитерџии се шегуваат и коментираат.

„Голиот има предност и затоа трча бавно или можеби полицаецот не вежба. Полицаецот има помалку желба да трча отколку јас што имам да одам во вежбална“.

 

Scroll to Top