Сашко Коцев и Јелена Јованова ѕвезди на црвениот тепих во Љубљана на премиера на филмот „Нешто слатко“

Вчеравечер во Љубљана во киното „Синеплекс“ беше светската премерата на филмот „Нешто слатко“ , комедија за која играат Сашко Коцев  и Јелена Јованова. Македонските актери играат главни улоги во словенечката комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот Тин Водопивец.

Коцев е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата. Јованова е копродуцент од Хрватска. На премиерата во Љубљана присуствуваа и актерите.

Водопивец е пријател со Коцев повеќе од десет години и заедно имаат настапувано на многу стендап-настапи во Скопје, Белград, Хрватска, Словенија. Така и дочла идејата за соработка. Ова е филм за човековите прва и последна шанса во животот. Светски познат маркетинг адвертајзер од Македонија, Аце (го игра Сашко Коцев) кој треба да стигне на еден настан во Словенија, никако да стигне. Јованова пак ја глуми Хрвтката Каја, која е маркетинг-агентка и која откако ќе изгуби скоро сè, се обидува со сите сили повторно да си го смири животот. Но, на патот кон целта и се случува љубов.

Scroll to Top