(Видео) Тијана еден ден пред роденденот ја промовираше песната за Беовизија

Тијана Дапчевиќ , еден ден пред нејзиниот роденден, ја промовираше песната „Мамим“ со која ќе се натпреварува на Беовизија. Пејачката денес полни 47 години па наместо роденденска честитка им се заблагодари на пријателите и фановите за позитивните реакции.

„Од денес ќе можете да ја слушнете на сите стриминг платформи. Фала што ја сакате песната. И јас ве сакам вас“, напиша Тијана.

Таа ќе настапи на првото полуфинале на Беовизија на 1 март.

Ова е трето појавување на Тијана на српскиот избор за песна на Евровизија. Таа лани се натпреваруваше со песната „Љуби љуби до века“, а настапи и во 2006 година со песната „Грех“. Тијана ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година во Копенхаген со песната To The Sky, но тогаш не влезе во финале.

Scroll to Top