Цел одбојкарски тим е затрупан под урнатините на хотел во Малатија

Целиот одбојкарски тим на Малатиа Метрополитен Беледиеспор е затрупан под урнатините на хотел во Малатија, по силниот земјотрес кој утрово ја погоди Турција пренесоа тамошните медиуми. Одбојкарите во моментот на земјотресот биле во хотелот и засега нема никакви информации за нивната состојба.

Спасувачките екипи досега успеаа да извлечат и спасат четворица од урнатините, а по останатите се уште се трага. Турскиот министер за млади и спорт Мехмет Касапоглу рече дека поради земјотресот се откажуваат сите спортски настани во земјата.

Scroll to Top