(Видео) Роналдо им вика на своите фудбалери на клупата

Фудбалерите на Ал Наср испаднаа одСупер Купот Ријад во Саудиска Арабија. Тимот на Кристијано Роналдо изгуби од Ал Вехде со 1:0, а Португалецот ги изгуби нервите, па на полувремето почна да им вика на своите фудбалери на клупата.

Ал Наср беше немоќен иако во второто полувреме играше со повеќе фудбалери на теренот. Ал Вахда успеа да ја сочува предноста до која дојде во 23 минута со голот на Бигело. За Роналдо виновни за поразот беа неговите соиграчи. На полувремето почна да им вика на стручниот штаб и соиграчите.

Камерите го снимија, но не е јасно што говори. По неговата реакција може да се заклучи дека во нив бара вина за лошиот резултат. Во продолжението неговиот тим упати 24 удари кон голот на противникот, но залудно. Како стојат работите, Роналдо ќе остане без трофеј во новиот клуп.

Елиминирани се од куповите, а останаа и без првото место во домашниот шампионат.

Scroll to Top