Совети за правилно отстранување шминка

Светскиот стилист Сафран Хјуз предупредува дека шминката, доколку не се отстрани веднаш, може да предизвика затнати пори, иритација на кожата, подуени очи и предвремено стареење.

Кога спиеме, нашата кожа се регенерира, па остатоците од шминка и нечистотија можат да го попречат природниот процес на обновување на клетките. Шминката на база на масло, како што се прајмерите и подлогите, секогаш треба темелно да се отстрануваат, бидејќи маслото ја спречува кожата да дише – советува Хјуз. Стилистот открива неколку правила за отстранување на шминката.

1. Без миење – За многумина првиот чекор е миење на лицето со вода, но ова е голема грешка. Навлажнетата кожата, ја намалуваме ефикасноста на состојките. За полесно отстранување, користете средство за чистење на база на крем или лосион директно на сува кожа, пред да го исплакнете лицето со вода.

2. Заштитете ги очите – Кожата околу очите е почувствителна и помека од кожата на лицето. Користете специјално средство за отстранување шминка за очи за да ја отстраните маскарата и моливот. Одберете производи на база на вода, а не оние што содржат масла. Кога ја отстранувате маскарата, притиснете го туферот на трепките неколку секунди, а потоа движете го во насока на растот на трепките. Не тријте лево-десно, бидејќи на тој начин ги иритирате очите.

3. Марамчињата за лице не се доволни  – Марамчињата за лице отстрануваат само дел од шминката и површинските бактерии, а маслото и нечистотијата остануваат во порите. Доколку навистина треба да ги користите, нека биде само подготовка, па продолжете со мицеларна вода. Избегнувајте чистење на пределот околу очите со марамчиња, бидејќи прекумерната употреба може да доведе до сува кожа и инфекции на очите.

4. Нежно третирајте ја кожата на лицето –  Без разлика каков производ користите за отстранување на шминката, погрижете се тоа да го правите нежно, без силно триење. Притискањето на лицето со марамче, туфер или ракавица за отстранување шминка може да доведе до сува кожа на лицето, иритација и воспаление.

5. Не заборавајте на кремот – По чистењето, задолжително нанесете крема за лице, бидејќи така ќе ја компензирате влагата што е отстранета од вашата кожа за време на отстранувањето на шминката.

Scroll to Top