Експертите откриваат зошто треба да јадете сладолед во зима

Професорот Џеси Шугарман од Универзитетот „Браун“ во САД смета дека зимата е најдоброто време да јадете сладолед.

Тој вели дека сладоледот ги смирува болките во грлото.

„Настинките и болките во грлото се дел од зимската магија како што се лизгањето и скијањето. Иако можете да користите прополис, сируп или лекови, сувото грло може да го смирите со ладен сладолед. Иако звучи бизарно, студената храна помага во смирување на болките во грлото“, вели професорот.

Тој додава и дека придобивка е тоа што сладоледот нема бргу да се стопи во зима поради ладното време, па ќе можете подолго да уживате во вкусот, пишува pdxent.

Scroll to Top