(Видео) Момчиња се туркаа и влечеа кој да го фати крстот во Крива Паланка

Околу 30-тина учесници од Крива Паланка во фрлањето на крстот по повод празникот Богојавление – Водици се влечеле и туркале за крстот, додека свештените лица апелираат да се разделат.

„Немојте да се борите доле за крстот, крст примате“, се слуша во видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Крстот во Крива Паланка го фати 22-годишниот Ивица Ѓеоргиевски.

Scroll to Top