Откриена мумија од тинејџер, која останала во совршена состојба 4.300 години

Египтолозите во близина на главниот град на Египет откриле мумија на тинејџер која останала во совршена состојба 4300 години. Станува збор за најстарата и најкомплетна мумија која некогаш е откриена. Ја пронашле во гробница на фараони, во дупка длабока 15 метри.

„Мумијата e открина во група гробници од петтата и шестата династија во близина на Степасте пирамидата во Сахара“, рече еден од бившите министри за антиквитети, Захи Хавас.

Мумијата е на тинејџер по име Хекашепес. Се наоѓа во саркофаг направен од варовник, кој бил запечатен со малтер, пренесе „Гардијан“.

Тимот научници заклучиле дека момчето и неговото семејство биле богати и со висок општествен статус. Телото му било украсено со 49 драгоцени амајлии.

Еден од научниците, Салим, го нарече „Златното момче“, затоа што амајлиите му биле направени од злато, полускапоцени камења и печена глина за го заштитат телото.

Меѓу останатите бил пронајден и гробот на Хнумџедеф, надгледник на благородниците и свештеник за време на владеењето на Унас, последниот фараон од петтата династија.

Scroll to Top