(Видео) Мистериозна светлина видена на небото над Турција во исто време кога земјата беше погодена од земјотрес

Во исто време кога јужниот дел на Турција беше погоден од силен земјотрес од 7,8 степени според Рихтер, на небото е забележана мистериозна светлина. Моменти од блесоците биле снимени и објавени.

Според научниците ваквиот феномен, кога во исто време ќе се случи земјотрес и на небото ќе се појави молња се нарекува земјотресно светло earthquake lights – EQL.

Но, некои од геофизичарите не се сигурни докрај за што навистина станува збор. Некои тврдат дека грмотевицата се појавува ако во близина се појави некаков процеп, пукнатина, додека други велат дека се работи за електричен лак предизвикан од тресењето на далноводите.

Scroll to Top