Пенелопе Круз во црн костум и вратоврска диктира мода на црвениот тепих во Мадрид

На премиерата на филмот En los márgenes, кој се одржа во Мадрид, актерката Пенелопе Круз се појави во костум на црвениот тепих.

Таа на црвениот тепих се прошета во костум, вратоврска и салонки. Таа позираше пред прикажувањето на филмот, потврдувајќи го својот статус на независна силна жена на и надвор од екранот.

Пенелопе Круз го прифатила трендот на деловно облекување во шик костум, моден тренд кој во моментов е попопуларен.

Изданието на Atelier Giorgio Armani, кое одлично ѝ прилега, докажа дека машките костими се елегантни колку што се и секси.

Иако одржува дефинитивно женствен и елегантен изглед, носејќи претежно креации на Шанел, чија муза е, за време на јавните настапи, Пенелопе Круз овој пат направи отстапка. Подеднакво елегантен како и фустанот, овој машки костум е уште една потврда дека шпанската актерка е вистинска манекенка.

Scroll to Top