Во пижами и јорган Били Ајлиш дојде на црвениот тепих во Лос Анџелес

Били Ајлиш и нејзиниот дечко Џеси Радерфорд во Музејот на уметност во Лос Анџелес на црвен тепих на галата за Lacama Art+Film се појавија во брендирани пижами со брендиран јорган.

Додека нивните познати колеги одбрале фустани и смокинг за свечениот настан, пејачката се појави во облека за спиење.

Пижамите на Ајлиш не се  какви било туку се креации на луксузниот бренд Гучи. 

Ова е прво појавување на Ајлиш и Радефорд во јавноста откако само пред неколку недели ја  објавија нивната романса во јавност.

Scroll to Top