Ексклузивен гала концерт на гудачкиот квартет „Бонд“ во Скопје

Гудачкиот квартет „Бонд“ ќе има гала концерт во Македонската филхармонија на 19 -ти мај, најави Авалон продукција.

„Квартетот „Бонд“ е супербренд во светот на музиката кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња. Нарекуван уште и „Спајс грлс на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет и 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.нПосле огромен број на распродадени концерти низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, уникатните „Бонд“ конечно доаѓаат во Скопје“, велат од Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (26ти април) во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории: 2.000 денари, ВИП 3.000 денари.

Scroll to Top