Албанската пејача Липа ја честиташе 10-годишнината од самопрогласувањето на Косово

Младата пејачка со албанско потекло Дуа Липа (22), чии родители се од Косово, објавила на својот инстаграм-профил фотографија со која ја честиташе 10-годишнината од самопрогласувањето и нелегалната независност на Косово.

Липа, која е родена во Лондон, под контроверзната фотографија напишала:

„Косово, среќен 10. роденден. Се надевам дека уште многу годишнини ќе поминеме заедно. Ви посакувам најубави денови во текот на оваа прекрасна прослава. Горда сум што сум Албанка, ве сакам сите“.

Scroll to Top