Американец пропатувал половина земја за да ископа дијамант за свршеничкиот прстен

Кристијан Лиден од Вашингтон вели дека ја прошетал половина земја за да ископа дијамант и да направи свршенички прстен за неговата девојка.

Целиот живот сонувал да пронајде необработен дијамант од кој ќе го направи свршеничкиот прстен, но никогаш не помислил дека неговиот сон навистина ќе се оствари. Уште од средно училиште сонувал да ископа дијамант, но не знаел како да почне. Кога пораснал, сфатил дека идејата за копање дијаманти во САД е неверојатно тешко остварлива. Кога пред три години негов колега му кажал за Кратер дијаманти во Арканзас, Кристијан знаел дека ќе успее да го оствари својот сон.

Тој веќе две години е во врска со неговата девојка Дезира и вели дека знаел дека прстенот ќе биде баш за неа.

„Тогаш почнав да го планирам патот и како сето тоа ќе го изведам. Почнав да ги истражувам дијамантите“, изјавил Кристијан за Си-ен-ен.

Вели дека гледал снимки на кои луѓето успешно наоѓале дијаманти во резерват во природата во Арканзас и вели дека се обидел да собере колку е можно повеќе информации пред да го почне патувањето. Неговиот пријател Џош, кој знаел за сонот на Кристијан уште од стартот, решил да му се приклучи во оваа авантура.

Кристијан се подготвувал за пат, додека Дезира била на работа. Тој не сакал да ѝ каже и да го расипе изненадувањето.

„Таа знаеше дека ќе одам на некакво патување, но не знаеше каде. Ѝ реков дека ќе одам во обиколка на некои резервати и национални паркови, но таа немаше поим дека ќе барам дијаманти“, изјавил тој.

Кристијан влеи дека планирал да ја побара за сопруга веднаш штом ќе се врати од патувањето. На почетокот на мај Лиден и Џош тргнале во авантура и првата станица им била Монтана, каде што побарале сафири, за случај да им пропадне рударењето во Арканзас.

По успешното копање во Монтана и еднодневниот престој во Јелоустон, двајцата на 7 мај стигнале во Арканзас, со надеж дека ќе пронајдат игла во грст сено.

На почетокот немале успех, но тогаш го промениле системот и почнале да копаат по површината на рудникот. На крајот на денот ги натовариле последните колички и кога почнале да сејат, се појавил жолт дијамант тежок повеќе од два карати.

„Почнав да се тресам, навистина се тресев. Го викнав ортакот и му покажав“, вели Кристијан, кој бил во шок, а неговиот пријател го зел дијамантот и веднаш го ставил во ќеса за да не го изгубат.

„Не очекував вакво нешто. Се надевав дека ќе најдам некои мал дијамант што ќе можам да го ставам на прстен и да кажам еј го ископав овој дијамант“, вели Кристијан.

Двајцата отишле до центарот на рудникот за да пријават што пронашле. Дијамантот од 2,2 карати е најголемиот пронајден дијамант во паркот од октомври, откако претходно еден посетител од Фајетвил, Арканзас, пронашол жолт дијамант од 4,49 карати.

Еден ден откако се вратиле, Кристијан за време на една прошета низ шумата и берењето печурки тој ја запросил неговата девојка. Дезира се согласила. Двајцата сега бараат некој кој ќе им го дизајнира прстенот на кој ќе го има дијамантот кој го нашол Кристијан.

Двајцата велат дека не им се брза.

„На крајот сѐ заврши како што треба, совршено“, изјавил Кристијан.

Scroll to Top