Чивава висока 9 сантиметри е најмалото куче во светот, според Гинис

Чивавата Перл со висина од 9,14 сантиметри и тежина од 553 грама е прогласена за најмалото куче на светот. Гинисовата книга на рекорди на својот канал на Јутјуб објави видео од кучето кое е помало од далечински управувач.

„Тивка е, но вистинска дива“, открила сопственичката на најмалото куче на светот, Ванеса Семлер. Таа додадла дека Перл сака класична музика и да гледа телевизија, а омилена храна и е висококвалитетно пилешко или лосос. Ужива и во друштво на други кучиња.

Претходното најмало куче на светот беше тетката на Перл, Мили, која беше висока 9,65 сантиметри.

 

Scroll to Top