Рафаел Надал заминува во пензија после Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев пред почетокот на Австралија опен сензационално објави дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал по турнирот во Мелбурн ќе се пензионира.

„Рафаел Надал, за жал, ќе се пензионира после Ролан Гарос. Не му го посакувам тоа, но мислам дека ќе има одличен турнир, потенцијално ќе го освои и потоа ќе се збогува“, изјавил Зверев за „Евроспорт“.

Рафа Надал е прв носител на годинашниот Австралија опен, со оглед дека го нема повредениот Карлос Алкараз, а неговата средба со Новак Ѓоковиќ според ждребот не е предвидена до финалето.

Scroll to Top