Српска кафеана на Менхетен се најде во 100-те најдобри ресторани според „Њујорк тајмс“

„Њујорк Тајмс“ објави листа на 100 најдобри ресторани во Њујорк. Познатата српска таверна на Менхетен „Кафана“, за која со години пишуваат медиумите, го зазеде 83. место.

Познатиот критичар Пит Велс објаснува според кои критериуми е направена листата.

„Се обидов да ги ставам моите омилени ресторани во шема што ја доловува разновидноста и карактерот на јадењето во Њујорк. Ова беше забавниот дел бидејќи ми даде шанса поинаку да го видам пејзажот на ресторанот. Кога ги прегледувам рестораните, се трудам секој да го земам во предвид по своја заслуга, речиси како другите да не постоеле. Тој изолиран поглед е главната основа за оценките со ѕвезди што вообичаено ги давам“, вели критичарот Велс.

„Таверна“ е едно од неговите омилени места на кои секогаш се враќа.

„Пити со спанаќ и сирење ми се омилени, како парче роденденска торта, печени црвени пиперки со чили, домашни колбаси на скара, чудни шишиња фурминт и рибола и големо бјанко, додека балканските мелодии свират во аголот“, вели Пит Велс.

Престижните медиуми претходно објавија за тоа како луѓето чекаат во редици за да влезат поради одличниот персонал, но и атмосферата. Различни гурмански водичи ја пробаа храната и во своите препораки вклучија плешкавица, сарма, шопска салата.

Scroll to Top