(Видео) Авион удри во јато гуски па се запали

Патнички авион на компанијата American Airlines бил приморан да сврти и слета во неделата откако удри во јато птици. На видеата снимени од внатрешноста на кабината се гледа како оган избива од десниот мотор брзо откако авионот полетал од аеродромот Џон Глен во Колумбус, Охајо.

Свеоци велат дека авионот за време на полетувањето удрил во јато гуски и се верува дека најмалку една од птиците завршила во моторот. Се слушнале силни звуци пред еден од пилотите во кабината да објави дека имаат проблем и мораат итно да слетаат.

„Во тие моменти сите испаничија и почнаа да се молат. Знете луѓето се држеа за раце и викаа“, рече една од патничките Касандра Слепер, а пренесе британски „Метро“.

Жител од соседниот град Апер Арлингтон, кој го сними инцидентот од земја, рече дека слушнал неверојатни пулсирачки ѕвуци од леталото. Авионот, кој се движел од Феникс за Аризона, брзо потоа се вратил назад и откако слетал сите биле евакуирани. За среќа немало повредени.

Експертите велат дека повеќето удари од птици предизвикуваат многу мала штета на авионот, толку мали што повеќето од нив пилотите не ги ни пријавуваат.

Scroll to Top