(Видео) Денес на јужната хемисфера се случи целосно затемнување на Сонцето

Јужната хемисфера денес доживеа целосно затемнување на Сонцето. Месечината целосно го сокри и предизвика редок вид на затемнување кое почна во 1:34 часот утринава на 20 април, а целосното се случи во 4:16 часот.

Затемнувањето започна во Индискиот океан пред изгрејсонцето, а заврши со заоѓањето во Пацификот. Поголемиот дел од затемнувањето се случи на морето, а зафати само кратки појаси на копно во Западна Австралија и Западна Папуа.

Целосната фаза на затемнувањето се случи во Австралија, а сега е во втора делумна фаза.

Нингало затемнувањето се нарекува уште и хибридно, затоа што се променува од прстенесто до целсоно, пред повторно да се врати во прстенесто. Се нарекува Нингало, по западниот брег на Австралија, затоа што од таму најдобро може да се види.

Scroll to Top