(Видео) Илјадници крокодили снимени на плажа во Бразил

Видеото од Бразил на кое се гледа плажа преплавена од илјадници крокодили, а на Твитер го споделил познатиот радио водител Кен Рутковски.

„Во Бразил владее наезда на крокодили. Стотици, па и илјадници од нив преплавија една од плажите, а локалното население е во паника“, напиша тој.

„Што се случува?“, „Нормално ли е ова?“, „Можеби климатските промени влијаеле на ова“, се само дел од коментарите.

Познавачите на однесувањето на крокодилите велат дека тоа е сосема нормално.

„Ова не е крајбрежна плажа, туку плажа во мочуриштето Пантанал, кое е дом на 10 милиони кајмани“, објаснил еден корисник под видеото, додавајќи дека крокодилите всушност се во нивната природна средина, односно не влегле на човечка територија.

„Ова не е инвазија, нема потреба од паника“, вели друг корисник на Твитер, за да ја смири јавноста.

Scroll to Top