(Видео) Стриптизета заработува илјадници долари од продажба на долна облека и лични предмети

Ребека Блу од Северна Каролина заработува илјадници долари од продажбата на своите лични предмети. Таа ги советува и другите да го следат нејзиниот пример. Ребека почнала со продажба на својата облека, меѓу кои и долната облека и чорапите, а потоа нашла уште попрофитабилни предмети.

Вели дека сега заработува и до 2000 долари месечно, околу 1815 евра, откако почнала да го продава својот асортиман за пилинг на кожа, па дури и плунката и ноктите на нозете.

„Мојата најскапа продажба била кога почнав со продажба на искористена спирала“, рече Ребека и додаде дека нејзината заработка варира меѓу 500 и 2000 долари месечно.

@rebekkablue #duet with @professionalgoddess #weirdthingsisellontheinternet ♬ Elevator Music – Bohoman

„Во списокот имал долна облека, чорапи, нокти на ноѕете, влакна по телото, плунката, маст за уши, памучни топчиња, вреќи за ѓубре, влошки, оа дури и искористени маски за лице. Но, најчудната работа за која ме прашаа се тоалетната хартија или храната“, рече Ребека.

Рече и дека нејзиното семејство и пријатели не ја прашуваат за нејзиниот бизнис.

@rebekkablue #duet with @professionalgoddess ♬ original sound – Professional Goddess

„Моите пријатели ми даваат поддршка, а некои дури и се приклучија на бизнисот иако нивната реакција на почетокот беше шокантна. Сè што продавам е безбедно и по пропис“, вели таа.

Ребека често споделува видеа од она што го продава. Во едно од последните видеа рече дека го продала сет ножици за нокти, за кои заработила 300 долари, но и дека купувачот и поставил прецизни барања.

Scroll to Top