Иван Усовски во спомен на сопругата ја објави својата прва песна „Не ме оставај сам“

Пејачот Иван Усовски ја објави својата прва песна „Не ме оставај сам“. Текстот го напиша неговата покојна сопруга Ангела Усовска која почина од рак во 2021 година. Музиката и аранжманот се на Игор Димовски, а спотот го снимија од продукцијата By Zati, на неколку локации во Охрид.

„Мојата сопруга го напиша текстот во 2013 година. Таа почина од рак во 2021, а јас сакав во нејзин спомен да ја објавам. Песната е за сите оние кои изгубиле некој близок во животот“, рече Иван, за „Репортер.мк“.

Scroll to Top