Напивка од три состојки што го топи салото

Откако ќе претерате со храната, најлесниот начин да започнете со чистење на телото е со напиток направен од само три состојки.

Напитокот од ѓумбир и лимон, брз и лесен за подготовка, е одличен избор за чистење на организмот од токсини. Освен што ќе го стимулира метаболизмот, напитокот ќе ја подобри и исхраната. Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Освен тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето. Лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото.

Состојки:
3 dl вода на собна температура, исцеден сок од половина лимон, 1 см корен од ѓумбир.

Подготовка:
Во чаша млака вода додадете исцеден лимон и ситно изрендан ѓумбир. Оставете го напитокот да отстои малку и потоа испијте го.

Чудотворниот напиток може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрава утринска голтка која ќе ви помогне да го исчистите телото од токсините. По желба можете да го засладите со мед.

Scroll to Top