Србија настапува прва во првата полуфинална вечер на Евровизија

Србија ќе настапи прва во прватаполуфинална вечер на Евровизија. Истата таа вечер ќе настапат Шведска, Летонија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Норвешка, Израел, Португалија, Холандија, Хрватска, Финска, Малта, Азербејџан и Чешка. 9.

Во втората полуфинална вечер на 11 мај ќе се натпреваруваат песни од Ерменија, Албанија, Кипар, Австралија, Романија, Австрија, Данска, Литванија, Белгија, Сан Марино, Исланд, Словенија, Грција, Грузија, Естонија и Полска.

Градоначалникот на Торино Стефано Ло Русо и ги предаде официјалните клучеви на Евровизија на градоначалничката на Ливерпул, Џоана Андерсон, на церемонија во салата Свети Џорџ во Ливерпул.

Торино беше домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2022 година, откако претходната година победи италијанската група „Манескин“. Во Торино победи Украина која требаше да биде домаќин годинава, но поради војната оваа година Евровизија ќе се одржи во Велика Британија.

Во финалето автоматски се пласираа претставниците на шест земји – големата петорка составена од Франција, Германија, Шпанија, Италија, потоа домаќинот – Велика Британија и Украина како минатогодишен победник. Евровизиската ждрепка одреди која од земјите во кое полуфинале ќе може да гласа: Германија, Италија и Франција на првата полуфинална вечер, додека Велика Британија, Шпанија и Украина ќе гласаат за второто.

Двете полуфинални вечери и финалето ќе бидат во мај.

Слоганот за натпреварот во 2023 година е „музиката не обединува“.

Scroll to Top