(Фото) Белегот на вратот на Путин покрена шпекулации дека е тешко болен

Теоретичарите на заговор забележаа белег на вратот на Владимир Путин за време на неговата посета во Соборниот храм „Христот Спасителот“ за време на богослужбата на Велигден. Белегот покрена голем број шпекулации за тоа дека рускиот претседател можеби е сериозно болен.

Во последните неколку месеци се ширеа разни теории за неговото здравје, а една е дека можеби има рак, Паркинсова болест, или пак двете, иако Кремљ досгеа во повеќе наврати инсистирал дека е во добра здравствена состојба.

Гласините станале уште погласни откако Путин бил фотографиран за време на православната велигденска служба во Соборниот храм „Христос Спасителот“, во руската престолнина во неделата.

Украинскиот информативен медиум, Dialog.ua, ја објави фотографијата која ја сними новинската агенција Taas, а на неа се гледа чуден белег на вратот, кој наликува на лузна.

Dialog.ua пренесе дека украинскиот новинар Денис Казански покрај фотографијата напишал што е со лидерот?

„Мислам дека сега сватив од каде доаѓа тоа Z?“, додаде Казански, сугерирајќи дека лузната е во облик на буквата Z, која стана симбол на инвазијата на Путин врз Украина.

Во меѓувреме украинскиот политичар Алексеј Гончаренко во понеделникот објави видео на „Јутјуб“ во во кое рече дека посетата на Путин на велигденската служба само ги поттина шпекулациите за неговото здравје.

„Вчера не изгледаше добро во црквата. Тешко се движеше, а на фотографиите јасно му се гледа лузната на вратот. Најверојатно направил некаков медицински зафат. Не знам точно за што се работи. Можеби направиле некаков вид на вештачка интелегенција на белите дробови или слично“, рече Гончаренко.

Минатата година истражувачката агенција „Проект“, соопшти дека на основа на патните документи, откриле дека Путин има рак на штитната жлезда или некоја друга болест.

Поранешен советски шпион тврди дека рускиот лидер има Паркинсонова болест, додека „Њу Лајнс Магазин“ тврди дека добил видео од олигарх кој им рекол дека Путин е болен од рак на крвта. Затоа што ниту едно од тврдењата не е потврдено, па „Њузвик“ испрати мејл до Кремљ за некаков коментар.

Гласините за здравјето на Путин особено станаа гласни по најавата на Кремљ дека рускиот претседател ги посетил окупираните украински територии Херсон и Луганск.  Кремљ не соопшти кога точно се случила посетата.

Рускиот лидер на војниците им го честита Велигден, кој православните христијани го славеа во неделата.

Scroll to Top