Старец од Аргентина тврди дека е Адолф Хитлер

Маж од Салта, Аргентина тврди дека е германскиот диктатор Адолф Хитлер и дека последните 70 години ги поминал во криење. Во интервју за ултраконзервативен локален весник, натурализираниот германски имигрант објаснува дека во земјата пристигнал во 1945 година со пасош под името Херман Гунтерберг. Тој вели дека неговиот пасош го направил Гестапо при крајот на војната и дека тој е всушност поранешниот нацистички водач Адолф Хитлер. Да беше жив денес, Хитлер ќе имаше 132 години и ретко кој верува во приказната за Херман Гутенберг.

Мажот одлучил да го прекине своето криење откако израелската тајна служба, Мосад, официјално се откажа од политиката на прогон на поранешните нацистички воени злосторници во 2016 година.

Иако водечките историчари велат дека фирерот се самоубил 1945 година во бункер во Берлин, овој старец, за кој се верува дека има повеќе од 100 години, раскажал поинаква верзија на приказната:

„Обвинет сум за многу кривични дела кои никогаш не сум ги направил. Затоа морав да поминам повеќе од половина од мојот живот криејќи се од Евреите, па веќе сум казнет“, рекол Херман и додал дека подготвува автобиографија за да си го врати имиџот во јавноста.

„Ме карактеризираат како лошо момче само затоа што ја загубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна од приказната, тоа ќе го промени начинот на кој тие ме доживуваат. Сега е безбедно да го откријам својот вистински идентитет“, додал тој.

Во јули 2016 година, Абел Басти ја објави книгата „Хитлер во егзил“, во која тврди дека Хитлер побегнал во Аргентина и живеел таму 10 години пред да се пресели во Парагвај. Басти ја изнесе тезата дека Хитлер починал на 3 февруари 1971 година во Парагвај.

Многу луѓе, вклучувајќи ја и 59-годишната сопруга на Херман, Ангела Мартинез, веруваат дека Гунтерберг всушност не е Адолф Хитлер, туку дека боледува од деменција. Таа вели дека нејзиниот сопруг никогаш не зборувал за Хитлер до пред околу 2 години, кога почнал да покажува знаци на Алцхајмерова болест:

„Некогаш забораваше кој е и каде е. Изгледаше како да е во транс и ќе почнеше да зборува за Евреите и демоните. Потоа се враќаше во нормала“.

Таа се сомнева дека нејзиниот сопруг можеби бил нацист и сега се чувствува виновна за своето минато, но е убедена дека тој не е Хитлер.

Повеќе од 70 години по крајот на Втората светска војна, неколку земји и институции сè уште се обидуваат да ги пронајдат и гонат преживеаните нацисти.

 

Scroll to Top