(Видео) За минута денот се претвори во ноќ, несекојдневна слика во Истанбул ги исплаши турските граѓани

На социјалните мрежи се појави видео од Истанбул во кое над градот одеднаш се појави густ црн облак кој во еден бран го проголта повеќемилионскиот град. Од турскиот метеоролошки завод објавија информација дека облакот е со дебелина од 7 километри и дека минал над Истанбул.

Во моментите кога бил над градот, Сонцето го снемале цели пет минути, а денот се претворил во ноќ. Таквиот голем облак со себе донел и дожд. На страницата TechnoPixel, која се занимава со метеоролошки феномени, сугерира дека густиот облак може бил особено голем кумулонимбус со темна боја.

Кумулонимбус, исто така познат како громоблаци, често имаат темна, ниска основа, достигнувајќи само неколку стотици метри над земјата. Тие се единствените облаци кои произведуваат град, грмежи и молњи, а носат и обилни врнежи. Изгледаат екстремно темни бидејќи пропуштаат многу малку или ич светлина.

Голем број корисници на „Твитер“ во Истанбул споделија слики додека облакот се наѕира над градот, откако го снема можеше да се види огромно виножито.

Scroll to Top