Чоколадна торта без печење со џем од кајсии

Состојки: 650 гр шеќер, 500 гр мелени ореви, џем од кајсии, 120 гр какао во прав, екстракт од малина.

Подготовка: Сварете 500 гр шеќер со малку вода и во него додадете ги сите мелени ореви. Сè убаво измешајте, шеќерот сварете го со оревите додека не се згусне, тргнете ја смесата од оган и поделете ја смесата на 3 дела. Првиот дел обојте го со 20 гр какао, вториот оставете го како што е, а третиот дел обојте го со неколку капки екстракт од малина. Сите три дела ставете ги на даска натопена со вода, па направете три листови за колачот. Првиот лист премачкајте го со џем од кајсии, врз него ставете го вториот дел и премачкајте го со џем, врз него ставете го третиот и прелијте го со чоколадна глазура.

Scroll to Top