Посна чоколадна торта

Состојки:
680 гр мелени ореви, 230 гр мед, 6 коцки посно чоколадо, 6 кесички ванилин шеќер, шолја и пол кисела вода, чаша и пол масло, 18 лажици брашно, 200 гр маргарин и прашок за пециво.

Подготовка:

Кора: Измешајте 230 гр мелени ореви, 230 гр мед, 230 гр шеќер, кисела вода, 3 коцки чоколадо, 3 кесички ванилин шеќер, масло, 18 лажици брашно и една лажичка прашок за пециво.

Истурете ја смесата во подмачкано тавче и печете. Кога ќе го извадите од рерна, исечете го за да добиете три кори.

Фил: Измешајте 450 гр шеќер со малку вода, додадете 450 гр мелени ореви и 3 коцки мелено чоколадо. Изладете го филот и измешајте го со 200 гр маргарин кој сте го изматиле во пена со три кесички ванилин шеќер.

Наполнете го колачот, исечете го и посипете го со чоколадо.

Scroll to Top