Вељко со синот излезе од породилиште, Богдана не ја симна насмевката од лицето

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ денес дојде во породилиштето и ги земе сопругата Богдана и синот Крстан. Богдана се породи пред четири дена во приватна клиника во Белград, а Вељко дојде да ги однесе дома. Боксерот дојде во тренерки на кои го има грбот на бившата гарда на неговиот покоен татко Аркан.

Грбот со „Аркановите тигри“, го имаше и на колевката со која Вељко го зема Крстан. Со истата колевка Вељко дојде и на првото породување на Богдана, за да го земе нивниот прв син Жељко.

Богдана ги воодушеви присутните, излезе во крем плетен комплет тренерки, со наочари на лицето, а на новинарите кратко им одговори дека е одлично.

За потсетување, семјството Ражнатовиќ направи гала прослава во вилата на Дедиња по повод раѓањето на Крстан, а за истата Цеца платила половина милион динари.

 

 

 

Scroll to Top