Ешли Греам е најзгодна жена за 2023 година

Плус сајз манекенката Ешли Греам според магазинот Maxim е најсексипилната жена во 2023 година. Maxim секоја година објавува листа од најзгодни 100 жени во светот. На списокот овој пат се најдоа девојки од индустријата на забавата, спортот и поп културата.

„Ешли Греам е кралица на облините, претставува вистинско освежување во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсети дека тајната не е само да ги прифатите вашите облини, туку да се прифатите себеси такви какви што сте. Таа е уметничко дело кое оди. Ако Ботичели беше денес жив, таа ќе беше неговата Венера“, напишаа уредниците од магазинот.

Во моментов повеќе од 20 милиони фанови ја следат на „Инстаграм“, а Греам на социјалните мрежи често ги советува дека мора да го прифатат нивното тело, без разлика какво е.

На второто место според магазинот се најде минатогодишната победничка Маргот Роби. Потоа следеа Ана де Армас, Самара Вивинг, Сабрина Карпентер, Сејди Синк и други.

Scroll to Top