Хари и Меган ќе мораат на суд за клевета против Саманта Маркл

Хари и Меган ќе мораат да одат на суд за клевета против Саманта Маркл, пренесоа британските медиуми. Се очекува набргу да добијат и покана, пишува британски „Мирор“. Во петокот ги поднесе документите и бара од Меган да ги докаже тврдењата во шоуто кај Опра Винфри во 2021 година.

Бара да бидат сослушани во ист ден, но одвоено. Од Меган бара 38 посебни признанија и сака да признае за нивниот однос додека биле заедно. Тврди дека лажела затоа што сакала да ја продаде нејзината приказна за тоа како од ништо станала ѕвезда.

Бара да ги повлече обвиненијата против кралското семејство и јасно да каже дека поранешната кралица Елизабета и кралот Чарлс не се расисти. Ја обвини Меган дека крие докази и прави сè, само за јавноста не ја дознае вистината. Вложила тужба од 75.000 долари. Ќе сведочи и татко ѝ Томас Маркл.

За потсетување, Меган повеќепати досега го обвини семејството за нејзиното тешко детство. Кај Опра рече дека израснала како дете единец, а излажа и за тоа кога последен пат се виделе, рече Саманта. Додаде и дека нема да се откаже од борбата додека продолжат да лажат, пишуваат книги и снимаат серии.

Адвокатите на Меган рекоа дека прават сè за случајот да биде отфрлен. Тврдат дека обвинувањата не се втемелени и дека нема место и основа да се најдат пред суд.

 

Scroll to Top