Марио Касас тринаесет години по филмот „Три метри над небото“ сè уште е миленик на жените

Еден од омилените шпански глумци, Марио Касас, се прослави со филмот “Три метри над небото“. Тринаесет години по премиерата на овој филм, Марио е и понатаму миленик на женската публика, и не само во Шпанија, туку и во Европа. Жените велат дека и сега е згоден, но многу помажествен отколку во времето кога се прослави.

Филмот снимен во 2010 година е работен според истоимената книга на Федерико Моча. Во 2012 година Марио го сними продолжението, „Те посакувам“, но овојпат публиката не беше толку воодушевена од љубовната приказна на главните глумци.

Марио беше во врска со колешката од популарниот филм Марија Валверде (Баби) и со актерката Бланка Суарез, најпозната по улогата во хит серијата на Нетфликс, Cable Girls.

Во кариерата има снимено многу филмови. Неговиот последен филм е The Paramedic во продукцијата на Нетфликс, а еден од најпопуларните е „The Invisible Guest“ (Contratiempo) од 2016 година.

 

Scroll to Top