Почина славниот комичар Бери Хемфрис по компликации од операцијата

Kомичарoт Бери Хемфрис – најпознат по создавањето на ликот Дам Една Евериџ почина на 89-годишна возраст по компликации по операцијата. Легендарниот австралиски забавувач беше пуштен од болница пред само неколку дена, но беше повторно примен по компликациите од операцијата. 

Роден во Мелбурн на 17 февруари 1934 година, Џон Бери Хемфрис од мал сакал да се дотерува и да глуми. Неговите родители иако биле богати,  Хамфрис подоцна рекол дека во голема мера бил оставен сам да се грижи за себе.  Како мал со часови поминувал играјќи со облека .

Студирал право, филозофија и ликовни уметности на Универзитетот во Мелбурн, но Хемфрис се откажал за да продолжи кариера како уметник. 

Хемфрис имаше само 21 година кога го создаде ликот Дам Една Евериџ по кој ќе стане светски познат. Во 1955 година, додека беше на турнеја со новоформираната театарска компанија Мелбурн, дебитираше тогаш именуваната г-ѓа Норм Евериџ.

Scroll to Top