Мурал со Тито кој се сонча под палми во црвени гаќи осамна во Ровињ

Во Ровињ (Хрватска) осамна мурал со Јосип Броз Тито во црвени гаќи за капење. Муралот го прикажува Тито како лежи на лежалка под палми, со очила на главата и прекрстени нозе.

Името на муралот е Ел Президенте, а авторот Борис Баре го замислил Тито во таа поза на Бриони. “Муралот е создаден како дел од малопродажниот парк во Ровињ. Темата беше „Лето во Ровињ“, а муралот на Тито нема политичка порака за мене. Јас само сакав да го покажам некогаш убавиот жеивот на плажа во лето”, вели авторот на муралот за Индекс.хр.

Scroll to Top