Девојче место да уживаш во бременоста нон стоп се сликаш со стомакот на Инстаграм: ја искраа Антониа Гиговска

Поп пејачката Антониа Гиговска објави нова фотографија со нејзниот труднички стомак, со која предизвика голем број реакции од фановите. Некои ја пофалија, но имаше и такви кои ја критикуваа. Така на една жена ѝ засмета тоа што Гиговска често објавува фотографии со нејзинот гол стомак, па и порача дека го згрешила пијарот и дека бебето во овие моменти чувстува с ѐ.

„Девојче слатко, кој и да ти го прави пијарот, ти прави штета и тебе и на бебето. Уживај во бременоста бидејќи таа е посебна, дај си време за она што не си можела претходно. И запомни, тоа што го носиш во себе чувствува сѐ“, и напиша жената.

Пејачката ѝ одговори дека никогаш во животот не била посреќна и дека ужива во бременоста.

„Драга Оливера, верувајте дека уживам и сум посреќна од кога било. Нека не ве лаже една фотографија на мојот „Инстаграм“. Никогаш во животот не му седела волку дома. Време за себе имам колку сакам и кога сакам“, и одговори Гиговска.

 

Scroll to Top