(Фото) Кристина Димитри се соблече пред Велигден

Манекенката и пејачка Кристина Димитри позира во секси бела долна облека и кожена јакна.

„Ангел и ѓавол под исти крилја“, напиша Кристина.

Таа во последниот период објавуваше инстаграм сториња од студиото на Дарко Димитров и се пофали дека подготвува нова песна.

„Песната е нешто што кај нас немало до сега, со оглед дека на неа работи најдобриот продуцент во Европа па и пошироко. Ми беше најголема желба да работам со Дарко, но чекав да соберам искуство за да влезам кај него во студио. Влеговме да снимаме со една идеја, а на крај направивме друга песна. Инспирацијата беше огромна, а резултатот е лудило. Тоа е таа иста енергија за работа, без ограничувања. Да се работи со некој што знае како да го извади најдоброто од тебе е навистина професионалност на друго ниво. Едвај чекам да слушнете што спремивме“, рече Кристина за Репортер.

Кристина изминатиов период пее во клубовите низ Македонија. Таа учествуваше и на „Макфест“, каде што ја испеа песната „Салса“ со диџеј Боно. Пред крајот на годината, Димитри го имаше својот прв настап во Хрватска.

Scroll to Top