(Видео) Ангела од Струмица го освои жирито на „Гранд“ додека бебето ѝ плачеше во бекстејџ

Ангела Котуровиќ (22) од Струмица го воодушеви жирито со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ и освои осум гласа. Додека таа пееше, нејзиниот 10-месечен син не престана да плаче во бекстејџот.

„Почна да плаче кога ги фати високите тонови, ти го исплаши“, се шегуваа од жирито.

Ангела ги испеа „Бато“ од Калиопи и „1003“ од Тамара Тодевска, а потоа ја избра Марија Шерифовиќ за ментор.

„Имаш потенцијал. Грешеше на некои основни работи, ама беше одлична таму кај што требаше да поентираш. Се гледаме наскоро“, рече Марија.

Покрај Ангела, во следниот круг помина и Македонецот Даниел Тренчовски кој живее во Париз. Тој ги испеа „Лажеш злато, лажеш душо“ и „Дигни руку“, а потоа го избра Босанац за свој ментор.

Настапот на Ангела почнува на 53:53.

Scroll to Top